Италијански генерал повторно на чело на КФОР

Нов командант на КФОР е италијанскиот генерал-мајор Енрико Бардуани, кој како дел од таа мисија веќе служел на Косово, а освен задачи на Балканот бил ангажиран и во Ирак, Либан и Авганистан.

Како што пренесува порталот Балкан Секјурити Нетворк (Balkan Security Network), Бардуани важи за човек со посебни искуства за ваквата политички и безбедносно чувствителна функција и затоа ќе помине една година на чело на воената мисија на Косово.

Италија на чело на КФОР досега обезбедила најголем број луѓе, а од 28 команданти, 13 генерали ја носеле униформата на армијата на таа земја.

Бардуани, кој го замени турскиот генерал Оскан Улуташ на чело на КФОР, беше во Косово во 2001 година како заменик-шеф на италијанското разузнавање и во 2015-2016 година како шеф на Кабинетот на командантот на таа мисија.