Бритни Спирс е бремена со трето дете
Популарната пејачка Бритни Спирс (40) откри дека е бремена по третпат, но со јавноста ја сподели и информацијата дека се омажила за својот вереник Сем Асгари (28).
Поп-ѕвездата на Инстаграм раскажа како имала депресија во текот на претходната бременост и како сега чувствува дека жените можат поотворено да разговараат за нивното ментално здравје додека се бремени.
„Овојпат ќе се занимавам со јога секој ден. Ширејќи многу радост и љубов” – напиша таа.
Инаку, во јуни 2021 година, Спирс се пожали на суд во случајот со конзерваторскиот надзор дека не ѝ дозволувале да се омажи или да има повеќе деца. 40-годишната Спирс има двајца синови од бракот со танчарот Кевин Федерлајн, на 15 и 16-годишна возраст.
Спирс и Асгари се запознаа во 2016 година, на снимање на музички спот.