Рама: Албанија ќе се одвои од С. Македонија ако не се отворат преговорите со ЕУ во јуни

Премиерот на Албанија – Еди Рама повторно истакна дека Албанија ќе се „одвои од Северна Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни“.

„Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната  анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме“ рече Рама во Берлин на заедничката прес – конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц нагласи дека е „дојдено време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ“.

„Неколкупати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да следи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува вниманието дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот проект“ – вели Шулц.