Зеленски: Подготвен сум да го дадам животот за мојата земја

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски во интервју за „Си-Би-Ес“ рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за ставање крај на војната, но вели дека нема да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“. Рече и дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија.

Претседателот на САД – Џо Бајден и лидерите на НАТО изразија бес поради руските злосторства во Буча и го прашаа Зеленски што треба да направат понатаму, на што тој одговори „Тие мора да достават оружје во Украина“.

„Никогаш не мислев дека ова право е толку скапо. Тоа се човечки вредности што Русија не може да избира што да правиме и како јас да ги искористам моите права. Тоа право ми го даде Бог и моите родители“ – рече Зеленски.

Украинскиот претседател изјави и дека е подготвен да го даде животот за својата земја.

„Не сакам да изигрувам херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но помеѓу бегството и да бидам со мојот народ, секако дека сум подготвен да го дадам животот за мојата земја“ – порача Зеленски.