Жозеп Борел – високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност изјави дека ЕУ бара начини за зголемување на воената помош за Украина. Тој повтори дека „војните се добиваат или се губат на бојното поле“ и војната во Украина „мора да се добие на бојното поле“.
Борел наведе дека на средбата во Луксембург ќе се разговара за зголемување на помошта за Украина.
Тој наведе и дека повторно е отворена Мисијата на ЕУ во Киев.