За Касами, владината коалиција е „коректна“, а „ВРЕДИ“ функционира одлично

Градоначалникот на Тетово и претседател на Беса, Билал Касами, изјави дека владината коалиција е „коректна“ и покрај несогласувањата околу Законот за бранителите.

„Коалицијата „ВРЕДИ“ функционира одлично, како и владината коалиција е коректна. Сигурно е дека имаме многу заеднички точки, но имаме и точки каде се разликуваме. Но, ние може да гарантираме дека сè додека „Вреди“ е дел од владината коалиција, нема да има уназадување на правата на Албанците. Што се однесува до бранителите, во време кога ДУИ беше на власт, најмалку трипати е променет законот каде што се дадени тие права на бранители и ДУИ никогаш не крена глас“, вели Касами.

„Имаше и последна изјава на еден функционер на претходната Влада кој тврди дека и овие измени кои сега се обидуваат СДСМ и ДУИ да ги протуркаат биле веќе договорени со Али Ахмети. Затоа го повикувам да не биде дволичен, нека признае дека, сè што е дадено на бранителите, а не е дадено на војниците на ОВК е придобивка на Али Ахмети. И тој треба да излезе и како маж да го каже тоа, рече Касами.