Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија по 27. пат се отвори во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Признанието „Васил Иљоски“ за особен придонес во комедиографијата оваа година го доби актерот Сашко Коцев, кој кариерата ја започна на сцената на Кумановскиот театар.
„За театар се потребни двајца, едниот да игра на сцената, а другиот да гледа, тоа е публиката. Никогаш не би можеле да постоиме без вас. После ова, најбитно е човек да не се конзервира, после ова за мене е уште потешко, одговорноста и очекувањата се уште поголеми. Верувам дека нема да ја изневерам публиката“, кажа Коцев откако ја прими наградата.