Неколку земјотреси утринава се почувствувани во регионот, со умерен интензитет, без човечки жртви и без посериозни оштетувања на објекти.
Околу 6.30 часот два земјотреси биле регистрирани во реонот на Велика Горица, во Хрватска. Едниот со јачина од 2,5 степени по Рихтер, а другиот со јачина од 1,7 степени, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтерова скала рано утрово ја погоди Албанија. Потресот кој се случил околу 3 часот, а почувствуван е и во Македонија, Црна Гора и Србија.
Епицентарот на земјотресот е на 9 километри јужно од Тропоја, во Албанија, на длабочина од 10 километри.
Земјотрес е регистриран и во Грција, во реонот на Халкида. Сеизмолошкиот центар јавува дека во последните 24 часа во Грција регистрирани се 11 помали потреси.
Послаб земјотес утринава бил регистриран и во Турција.