Бен Афлек ја запроси Џенифер Лопез со дијамантски прстен

Популарната Џенифер Лопез (52) ја објави свршувачката со Бен Афлек и тоа о пауза од 19 години откако парот ја откажа венчавката. Лопез веста ја сподели на социјалните мрежи.

На објавата се гледа дека таа носи веренички прстен со зелени камења. Веста за свршувачката доаѓа по една година откако парот јавно започна повторно романтична врска, по речиси 2 децении разделба.

Лопез и Афлек започнаа врска во јули 2002 година, а свршувачката беше објавена во ноември истата година. Двојката требаше да се венча во септември, но венчавката ја одложија неколку дена пред церемонијата.

Во јануари 2004 година ја раскинаа свршувачката и се разделија.

Само три дена по откажаната венчавка Лопез почна да излегува со американскиот пејач – Марк Ентони. Се омажи со него во јуни 2004 година.

Лопез беше во брак со Марк Ентони цели 10 години, се разведоа во 2014 година. Ги имаат близнаците Ема и Макс (14).