Над 4,4 милиони украински бегалци досега ја напуштија својата земја откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на 24. Февруари годинава – велат податоците на Агенцијата за бегалци на ОН.
УНХЦР соопшти дека до денеска има 4.441.663 украински бегалци.
Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна.
Деведесет отсто од оние што избегале од Украина се жени и деца, бидејќи украинските власти не дозволуваат да си заминат мажи на воена возраст.
Пред конфликтот, Украина беше дом на повеќе од 37 милиони луѓе на територијата контролирана од Киев – која не го вклучува Крим.
Во Полска има најголем број бегалци – 2.564.994 влегле во земјата, според УНХЦР. Многу од нив потоа патуваат во други европски земји.
Според агенцијата за бегалци на ОН, 678.081 луѓе отпатувале во Романија до 8. април, од кои повеќето пристигнале преку Молдавија, а потоа продолжиле во други земји.
Бројот на бегалци во Русија заклучно со 8. април изнесува 389.845.