Во последните 20 години најдобар градоначалник на Тирана е Еди Рама (58), сметаат граѓаните на албанската престолнина.
Ова го покажува анкетата спроведена од телевизијата „Euronews Albania“ на која на прашањето кој е омилениот градоначалник во изминатите 20 години, жителите на главниот град 30,8 отсто одговориле Еди Рама, 25,3 отсто Ерион Велиај и 4,60 отсто Љуљзим Баша, додека 39,3 отсто не дале одговор.
Граѓаните имале пофални зборови за Рама дека ја „претворил Тирана во достојна европска престолнина“.
Рама градоначалник на Тирана беше во три последователни мандати 2000 – 2011.
Рама е добитник на наградата за светски градоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005 година.