Екс-бугарски пратеници фрлија црвена боја на руската Амбасада во Софија

Екс-бугарските пратеници Арман Бабикјан и Николај Хаџигенов, кои ги организираа протестите против владеењето на Бојко Борисов во 2020 година, денеска со црвена боја ја испрскаа таблата на руската Амбасада во Софија. Двајцата веднаш потоа биле однесени во полициската управа.

Нивните акции се организирани во знак на протест против војната во Украина и како симбол на крвта што таму се пролева.

Според двајцата, руската амбасадорка во Бугарија – Елеонора Митрофанова требало да биде протерана, а во Украина да биде испратена воена и хуманитарна помош.

На екс-пратениците им е одреден притвор од 24 часа, но според локалните медиуми, не е исклучено тие да бидат ослободени и порано.

Хаџигенов и Бабикјан коментирале дека на овој начин го искажале својот граѓански став против војната во Украина.