Лавров: Преговорите се со проблеми, но ќе се обидеме да ги постигнеме целите
„Преговорите меѓу Москва и Киев не се одвиваат без проблеми, но Русија ќе се обиде да ги постигне сите свои цели“ изјави денеска рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорот со неговиот ерменски колега – Арарат Мирзојан.
„Го информирав мојот пријател и колега за преговорите меѓу руската и украинската делегација. Тие не одат без проблеми, но ќе се обидеме да ги постигнеме сите цели на преговорите“ – истакна Лавров.
Тој додаде дека генерално е многу задоволен од исходот на средбата со неговиот ерменски колега и му се заблагодари за соработката.