Комисијата за заразни болести заседава за новите Ковид – мерки
Комисијата за заразни болести заседава за новите предлог мерки за невакцинираните вработени во јавниот сектор и здравствените работници.
Министерот Венко Филипче најави дека денеска ќе се разговара на Главниот кризен штаб, а потоа точката ќе оди и на седница на Влада.
Предлог-мерките вклучуваат сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа – направени на сопствен трошок.
За оние кои го прележале вирусот, ќе треба ќе приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена.
Мерките би стапиле на сила 10 дена откако ќе бидат усвоени на Влада.
Препораките се кон овие мерки да се приклучат и приватните компании.