Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во источниот украински град Краматорск, изјави шефот на националната железничка компанија.
„Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск“ – напиша Александар Камишин на социјалните мрежи.
Украинското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги бројките на загинатите и повредените, соопшти дека ракетните напади биле изведени додека се одвивала евакуацијата на локалните жители и додека на железничката станица имало над 1.000 луѓе.