ССМ: Веднаш да се зголемат платите за најмалку 2.800 денари!
„Иако сеуште не е ни исплатена мартовската плата на сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, Државниот завод за статистика пресметал и објавил дека трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти.
Од тука единствен начин е платите да го следат растот на трошоците за живот, а не да се дозволува
трошоците за живот вртоглаво да растат, а платите да не растатат и тоа само со изговор дека уште повеќе ќе пораснат трошоците за живот ( инфлацијата ).
Со право ССМ и гранските синдикати се гласни и бараат најмалку 2.800 денари веднаш зголемување на платите во приватниот и во јавниот сектор е потребно поради тоа што и синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ во месец март 2021 година изнесувала 33.772,00 денари, а во месец март 2022 година изнесува 36.768,00 денари или истата е зголемена за 3.046,00 денари, а платите во истиот период не се зголемени ниту еднаш. Само во 2022 година во јануари кошничката изнесувала 35.811, во февруари била поскапа за 335 денари односно изнесувала 36.164,00 денари, а во март била поскапа од февруари за 622 денари или изнесувала 36.786,00 денари“ порачуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).