Српскиот претседател – Александар Вучиќ изјави дека завчера разговарал со неговиот руски колега, Владимир Путин.
„Беше многу фер. Ќе изнесам и еден детаљ од разговорот. Зборувавме за се, за гасот, за нафтата, на НИС… Разговорот беше добар и коректен. Ние двајца се познаваме долго и јас нема да прифатам пристап во кој него го нарекуваат Хитлер или дека е луд“ – рече Вучиќ за „РТС“.
„Тој не е луд, ниту се однесува хистерично. Многу стабилно, смирено и рационално говореше во разговорот со мене. Постигнавме значаен дел на согласности и тоа многу важно за Србија. Сакаше да ме информира за ситуацијата во Украина, околу Буча, за плановите“ – истакна српскиот претседател.
„Вели дека сè оди во рамки на неговоте планови. Му реков дека не мора да ми зборува за тоа, бидејќи сум претседател на мала земја која не може да ја одредува судбината на светот и која гледа да се тргне од се, да ја сочува напатената земја која знае што се војни и санкции“ – додаде Вучиќ.