Вкупно 93 земји денеска гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското предградие Буча и други места во Украина.
Единствениот друг актуелен член на Советот за човекови права на кој му беше суспендирано членството беше Либија во 2011 година, кога силите лојални на Моамер Гадафи насилно ги разбија антивладините демонстранти.
24 земји гласаа против нејзиното суспендирање од Советот, додека 58 нации беа воздржани.
Официјална Москва жали што е суспендирана од Советот за човекови права на ОН, изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.
„Жалиме поради тоа, ќе продолжиме да ги браниме нашите интереси со сите можни правни средства и да ги изразуваме нашите ставови“ рече тој.
Русија денеска објави дека гласањето на земјите-членки за суспендирање од Советот за човекови права на ОН е „незаконско и политички мотивирано“.