Немири во Холандија – причина се мерките против Ковид-19
Трета ноќ по ред немири во Холандија – полицијата се судри со голем број демонстранти кои предизвикаа пожари и фрлаа камења изразувајќи незадоволството поради мерките против ширење на Ковид-19. Најжестоко беше во Леуварден, Гронинген и во Еншеде и Тилбург.
Информациите се дека 5 полицајци биле повредени во саботата вечерта, а најмалку 64 лица биле уапсени во три региони.
Немирите започнаа во петокот вечерта во Ротердам, а градоначалникот протестот го опиша како „оргија на насилство“.
Протестите се против владините планови да ја ограничи употребата на сертификати за „Ковид“ на луѓе кои прележале Ковид-19 или биле вакцинирани.
Холандија минатиот викенд воведе мерки за изолација за 17,5 милиони жители за три недели во обид да го забави повторното ширење на вирусот.