„Албанија ќе побара од Европската Унија дали може да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето“.
Ова денеска го изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Тој рече дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го укине своето вето за Скопје.
„Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга“ – рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете држави.