Радев по победата: Разумот и патриотизмот надвладеа над апатијата и лагите
Румен Радев e победник на претседателските избори во Бугарија. Тој триумфираше и освои нов петгодишен мандат и покрај рекордно ниската излезност.
„Сакам да им се заблагодарам на секој од вас што излезе да гласа. Демократијата функционира, благодарение на вас! Им честитам и на Герџиков и на другите кандидати што ги дадоа своите идеи. Од се срце им благодарам на сите што гласаа за нашата кандидатура. Благодарност до централата и нашиот иницијативен комитет, како и до партиите кои не поддржаа. Заврши невиден политички месец од два вида избори, кој ја истакна желбата на народот за промени. И покрај пропагандата, лажните вести и изведените скандали кои се обидоа да ги спречат луѓето да гласаат, луѓето излегоа и гласаа. Разумот и патриотизмот надвладеа над апатијата и лагите. Ова е победа на нашата меѓусебна доверба, на нашата обединета верба во правото и правдата, дека заедно можеме да успееме, имаме повеќе напори пред нас, но Бугарија излегува од стагнација и автократија, таа е на пат кон слободата“ рече старо-новиот претседател на Бугарија.
Радев предупреди дека новото Народно собрание, избрано на трети избори во една година нема право на грешки. Според него, очекувањата на општеството се да се види чисто мнозинство кое треба да преземе мерки за промени во судството, да се спречи социо-економска криза во зима, да се носат одложени одлуки.