Економист: 131 држава е на прозападна страна во украинскиот конфликт

Во украинскиот конфликт 131 држава држи прозападна страна, покажа истражувањето спроведено од британското списание „Економист“.

Списанието истражуваше каква позиција заземаат земјите во светот, во конфликтот што започна на 24 февруари, па ги подели во три категории: прозападни, неутрални, проруски.

Дваесет и осум држави се ставени во категоријата проруски. Дел од нив се Кина, Сирија, Пакистан, Еритреја, Етиопија. Земјите во оваа категорија, сочинуваат над една третина од светското население.

Во државите под прозападната категорија, живее 36 отсто од светското население. Триесет и две држави беа одредени како неутрални, исто така содржат околу една третина од светското население. Меѓу земјите на оваа листа, се најдоа и Индија, Бразил, Бангладеш.

Авторите истакнаа дека две третини од светското население живее во земји што ја поддржуваат Русија или се неутрални. Но, како што се забележува, резултатите се под силно влијание на Кина и Индија, со нивните големи популации.