„Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната“ – изјави украинскиот претседател – Володимир Зеленски при своето полноќно видео обраќање.
„Веќе имаме сознанија за илјадници исчезнати луѓе“ – рече тој во обраќањето објавено на Телеграм.
Украинскиот претседател појасни дека има само две можности за тоа што се случило со исчезнатите лица – или биле депортирани во Русија или се убиени.
Зеленски вели дека Москва ја променила својата тактика по осудата од меѓународната заедница по објавувањето на фотографиите од Буча, каде што беа пронајдени стотици тела на цивили по повлекувањето на руските трупи.
„Москва сега се обидува да ги отстрани телата на убиените во областите окупирани од руските војници од улиците и подрумите, но истраги, сведоци и сателитски снимки ќе се користат за да се утврдат околностите на исчезнувањата“ – рече Зеленски.