Шише зејтин во Албанија се продава за 2,6 евра
Граѓаните во Албанија од денеска за шише зејтин ќе треба да одвојат повисока сума пари, односно 321 лека или 2,6 евра.
Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.
„Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека или 2,6 евра, килограм шеќер 123 лека, килограм ориз 104 и килограм брашно 90,5 лека“ – пренесува „Ора њуз“.
За сите оние трговци на големо кои нема да ги почитуваат определените цени од Одборот следува парична казна од 10 милиони лека, за трговците на мало 2 милиони лека.
„Доколку се утврди повторено прекршување на одлуката, односно злоупотреба на цените, правниот субјект ќе биде затворен, а производите одземени“ – стои во одлуката.