Мицкоски од Охрид: Се организираа во картели за да го пустошат ЕЛЕМ и РЕК Битола
Христијан Мицкоски – претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид не сакаше да го коментира потегот на премиерот и претседател на владејачката СДСМ – Зоран Заев дека ќе поднесе оставка од партијата во вторник. Мицкоски напомена дека „Заев честопати во минатото не го исполнил она што го рекол“.
Лицерот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, даде коментар на ситуацијата со енергетската криза. Според него, ваквата ситуација е резултат на лошите политики од власта.
„Се организираа во картели за да го пустошат ЕЛЕМ и РЕК Битола, а сега вторпат ќе ги трошат повторно народните пари. Веќе 4 милијарди денари потрошија од државните резерви за да ја санират финансиската дупка, но и недостатокот на електрична енергија за месец ноември“ порача Мицкоски.