Повторно принова во скопската Зоолошка градина, се роди камила

Скопската Зоолошка градина денеска на Фејсбук соопшти дека се родило бебе – двогрба камила.

„За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела. Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе“ – наведоа од Зоолошка градина-Скопје.

Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур.