Утре во Србија е ден за избори.
Граѓаните ќе одлучат дали Александар Вучиќ по вторпат ќе го добие претседателски мандат, со колкав број на претеници ќе влезе опозицијата во Собранието и дали ќе успее да победи во престолнината.
Од 7 до 20 часот 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места ќе ја одлучуваат судбината на земјата за наредните четири години, со економските и политичките предизвици, што ќе имаат влијание на целиот регион.
За претседателскиот мандат има 8 кандидати – актуелниот претседател Александар Вучиќ, Здравко Понош, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ, Миша Вациќ и три дами – Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, Билјана Стојковиќ и Бранка Стаменковиќ.
На парламентарните избори, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално на бројот на освоени гласови. Политичките партии на националните малцинства при распределбата на мандатите, кои доколку не го надминат изборниот праг од три отсто, подлежат на „природен праг“, кој се добива кога бројот на важечки гласови ќе се подели со 250 пратеници за секое место, што во зависност од излезноста на изборите, претставува меѓу 12.000 и 16.000 гласови.
На гласањето за влез во Собранието во трка се 19 коалиции и листи.