Во Киев е убиен украински фоторепортер

Во соопштение од украинското Обвинителство денеска се вели дека воениот фоторепортер Макс Левин е убиен во Киев.

Левин од 13. март се водеше како исчезнат, а вчера е пронајдено неговото безживотно тело во селото Хута-Межихриска, во близина на Киев.

Фоторепортерот во подрачјето на Киев бил со друг новинар, Алексеј Черњишов, за кого нема податоци каде се наоѓа.

Левин беше роден во Киев во 1981 година и е татко на четири деца.

Работеше како фоторепортер за голем број украински и странски медиуми, а неговите фотографии ги преземаа „Ројтерс“, „Би-Би-Си“, „АП“ и други.

Левин е петти убиен украински новинар, по инвазијата на Русија.

https://twitter.com/risj_oxford/status/1510222424842940418?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510222424842940418%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fvocentar.com%2F2022%2F04%2F02%2Fd183d0bad180d0b0d0b8d0bdd0b0-d0bfd0bed181d0bbd0b5d0b4d0bdd0b0-d181d182d0b0d0bdd0b8d186d0b0-d0b7d0b0-d0bdd0bed0b2d0b8d0bdd0b0d180d0b8%2F