Дмитриј Песков – портпаролот на Кремљ вчера изјави дека Русија ќе ги зајакне своите западни граници „за никој да не помисли да ја нападне“.
Рускиот министер за одбрана – Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека земјите од НАТО го зајакнуваат својот воен потенцијал кон западните граници на Русија, изјави Песков.
„Путин му даде инструкции на Шојгу, а нашето Министерство за одбрана сега работи на развој на план за зголемување и зајакнување на нашиот воен потенцијал на западните граници како одговор“ – рече Песков.
Секако, тоа ќе се направи на начин да се заштитиме и да го одржиме потребниот паритет во сè, за никој да не помисли да не нападне, рече Песков.