Сузана Стариков – аналитичарка од Германија во објава на Твитер наведува дека албанскиот премиер Еди Рама ќе биде новиот генерален секретар на НАТО. Таа тврди дека САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата.
Според неа кандидати биле Рама и премиерката на Естонија – Катја Калас.
„Еди Рама ќе го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО. САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата. Кандидати биле премиерка Катја Калад и премиерот Еди Рама. Кој ќе биде идниот генерален секретар? – пишува Стариков.
Информацијата не е потврдена, а засега Сè уште нема реакција ниту од Алијансата, ниту од албанскиот премиер Рама.
Албанија на 1. април 2009 година стана членка на НАТО, додека во ова време на војна во Европа застана на страната на Украина, силно осудувајќи ја руската агресија.