Социјална држава од ЕУ, во просек, троши околу 7% од државниот буџет за социјални трансфери наменети за разни бенефиции на лицата со инвалидитет.
Македонија (која по Устав е „социјална држава“) – за лицата со инвалидитет (кои се околу 90.000 на број) – троши 0,0002% од републичкиот Буџет!
И пази сеа… Идат одвратните десничарски дарвинисти на власт, и на луѓево им кратат 165.000 ЕУР со ребалансов на Буџетот (од првично предвидените 80 милиони денари) – и тоа од веќе доделените средства, за кои има владина одлука и договор склучен со МТСП.
Ете, така штедат ДЕСНИЧАРИТЕ – додека коленичат пред стопанските комори и договараат намалување на данокот на олигарсите!, сподели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.