Демократскиот сојуз е автентична политичка партија, препознатлива по своите принципиелни политички ставови. Демократскиот сојуз е партија која повеќе од 20 години ги брани и афирмира националните и државните интереси на Македонија, како и интересите на граѓаните.
Ние сме иницијатори и носители на проекти и закони за борба против криминалот.
Паушалните напади и плукањето по ДС станаа лоша практика на партијата Левица.
Ви порачуваме дека со плуканиците ќе направите кал и самите во неа ќе заглавите, слично или исто како што заврши Златна Зора (Хриси Авги) од Грција.
Македонија ќе цвета, да сте и вие чесни како што се чесни кадрите на ДС!
Нo, треба да се провери работата на 4-те директори на Левица во претпријатијата и установите на Градот Скопје, како и тоа – од каде се финансира антимакедонската кaмпања што ја спрoведува Левица, обидувајќи се да ја насочи Македонија кон авторитарните режими.
Само принципиелна политика е гаранција за опстојување вo политиката, екстремизмот и негацијата на сѐ и против сите, се сигурен пат кон буништето на историјата, стои во реакцијата на ДС.