„Во време на хибридни закани и напади, во време на брзиот напредок на ИТ индустријата и подемот на вештачката интелегенција, поставување соодветна Национална стратегијата за сајбер безбедност и дефинирање на јасен Акциски план мора да биде национален приоритет од витално значење за заштита на безбедноста на државата и граѓаните“, потенцираше Заменикот министер за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски при фицијалниот почеток на работа на работната група за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност.
„Македонија мора да остане посветена на зајакнување на националните капацитети за сајбер безбедност со цел обезбедување безбедност и отпорност на суштинските и важни субјекти, мрежи, информациски и комуникациски системи. Заеднички мора да работиме на креирање општество отпорно на сајбер закани, да го минимизираме влијанието на инцидентите во сајбер просторот, како и да работиме на национална и меѓународна соработка на оваа поле со нашите стратешки партнери следејќи ги меѓународните стандарди“, истакна тој.