Форумот на жени на ЛДП со апел до министерката за образование и наука, за воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.
Податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), покажуваат дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 2023 година имало 3,5 пати повеќе абортуси споредбено со 2020 година.
Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 година имало 554, во 2022 година имало 615, а во 2023 година 1.133 абортуси.
Загрижува фактот дека стапката на адолесцентна бременост, на девојките на возраст од 15 до 19 години, сѐ уште е многу висока и опфаќа 4,2 % од вкупните раѓања односно годишно околу 100 млади девојки под 20 години абортираат.
Од тие причини, Форумот на жени на ЛДП апелира до министерката за образование и наука, за воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата, што претставува и едно од програмските заложби на Либерално Демократската Партија години наназад, се вели во соопштението.