На 71 година синоќа во Охрид ненадено почина професор д-р. Томе Батковски, истакнат општественик, експерт од областа на безбедноста и автор на повеќе научни трудови.
Батковски е роден 1952 во Охрид. По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград во 1975 го продолжува своето професионално усовршување преку магистерски и подоцна докторски труд на Факултетот за безбедност Скопје во 1993.
Со над 30-тина објавени трудови, професионални настапи од областа на тероризмот и контраразузнавањето, проф. д-р. Томе Батковски даде сериозен придонес во поставувањето и оддржувањето на националната безбедност на Македонија и пошироко на Балканот. Пренесувањето на неговото знаење како вонреден професор на Факултетот за безбедност обезбеди многу генерации млади кадри со практично и теоретско знаење од областа на организираниот криминал и терористичко дејствување.
Посмртните останки на Томе Батковски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид утре од 12 часот.