УЈП: 95% ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ НАВРЕМЕНО ЈА ПОДНЕСОА ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

1983 или 5,1% даночни обврзници не поднесоа ДДВ-04 до 23.59 часот вчера. Сите што задоцнија, треба да ја исполнат обврската и да ја поднесат даночната пријава!

Управата за јавни приходи со повеќе потсетувања за навремено поднесување на даночните пријави, овозможи во екот на летните одмори поднесувањето на образецот ДДВ-04 да се одвива без продолжување на рокот и без застој, на задоволство на двете страни и на УЈП и на даночните обврзници. Во вториот квартал од оваа година, навремено поднесените даночни пријави за ДДВ се за 9 % повеќе во однос на претходниот квартал.

Преку постојана комуникација со сметководителите со потсетување и известување да не се чека последниот ден за поднесување на даночните пријави, придонесовме оваа мисија заеднички да ја реализираме.

Управата за јавни приходи ќе продолжи со ваквата комуникација со даночните обврзници и сметководителите за навремено и точно поднесување на сите видови на даночни пријави.