Едно лице загина денеска, а 17 се повредени во судир на повеќе возила на автопатот меѓу италијанските градови Падова и Венеција.
Поради несреќата автопатот бил затворен до 16 часот, а коловозните ленти постепено се отвораат, пренесува весникот „Кориере дел Венето“.
Во судирот учествувале осум возила, а точната причина за несреќата допрва ќе се утврдува. Патот за Трст е отворен, додека патот кон Милано е делумно блокиран, а колоните возила достигнаа и до десет километри.