Поранешните министри за финансии и за економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, во следните 12 месеци ќе добиваат апанажа поради престанокот на нивниот работен однос во Владата. Нивниот колега од поранешната влада, министерот за правда Кренар Лога, апанажа ќе добива во наредните девет месеци, бидејќи пократок период ја извршувал функцијата.
Вчера, членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата гласаа за доделување на апанажи. Тројцата поранешни министри кои ќе примаат апанажи се додаваат на листата каде што веќе се наоѓаат Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами.
Претходниот месец, 29 пратеници од поранешниот парламентарен состав беа одобрени од собраниската Комисија за избори и именувања за примање на апанажи.