Соработниците на американската потпретседателка Камала Харис веќе почнаа да се подготвуваат за нејзината претседателска кампања, откако значително се зголемија шансите Џо Бајден да се откаже од борбата за нов мандат во Белата куќа.
Како што пишуваат американските медиуми, Харис се уште формално не учествува на овие подготовки, имајќи предвид дека Бајден официјално не се откажал од трката.
Сепак, нејзиниот тим од најблиски соработници работи на тоа Харис да го замени Бајден на Демократската национална конвенција, што ќе се одржи од 19 до 22 август во Чикаго.
Како што за време на поголемиот дел од мандатот на Бајден, тој беше во фокусот, соработниците на Камала Харис веруваат дека таа мора да работи на истакнување на нејзините достигнувања и да се подготви за борба со другите потенцијални кандидати во Демократската партија.
Политико, цитирајќи петмина соработници кои почнале да работат на овој проект, вели дека поентата не е „да се истисне Бајден од кампањата“, туку само „да се биде подготвен за секоја опција“.
Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, би можел да најави повлекување од претседателската трка уште овој викенд, тврди Аксиос.