Компјутерските системи на аеродромите во Пекинг и во Москва функционираат и покрај глобалниот прекин на ИТ
Компјутерските системи на аеродромите во Пекинг не се погодени од денешниот глобален прекин на ИТ, објавија кинеските државни медиуми, откако авиокомпании ширум светот пријавија широко распространети технички проблеми.
„Денеска во 16 часот (08:00 GMT), операциите беа нормални на аеродромите во Пекинг и во Даксинг“, соопшти кинеската државна телевизија CCTV.
Руското Министерство за дигитален развој не добило никакви пријави за дефекти во компјутерските системи на аеродромите во Русија поврзани со проблеми во работењето на програмите на Мајкрософт, соопшти прес-службата на тоа министерство.
Во исто време, меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва соопшти дека работи нормално и дека полетувањата и слетувањата на авиони од руски и странски авиокомпании се одвиваат според планот.