Во последните неколку недели, САД добија разузнавачки информации од неименуван извор за можен ирански заговор за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои информирани извори.
Според Си-Ен-Ен, нема индикации дека 20-годишниот кој се обиде да го убие Трамп во саботата бил поврзан со заговорот.