Реал Мадрид годишно заработува околу 20 милиони евра само од билети за клупскиот музеј

Големото реновирање на „Сантијаго Бернабеу“, кое вклучуваше проширување на клупскиот музеј и мегапродавници, освојување на Лигата на шампионите и доведување на Килијан Мбапе, ги направи двете споменати светилишта на стадионот на Реал неверојатни фабрики за пари.

Ова го открива „Марка“ во извештај од музеи и продавници, во кој пишува:

„Реновирањето го претвори Бернабеу во рудник за злато. Најпрофитабилен во светот на фудбалот. Дека ќе стане така беше навестено уште на првиот ден од продажбата на дресот на Мбапе, кога на него падна страницата на онлајн продавницата на Реал поради брзањето, а работниците во мегапродавницата на стадионот не можеа да дишат“.

„Марка“ наведува дека 1,3 милиони луѓе го посетиле музејот на Реал во 2019 година, што значи дека во Мадрид, градот на музеите, пред него бил само славниот Прадо. Еден од најпознатите музеи во светот минатата година го посетиле рекордни 3,2 милиони посетители.

Сепак, Реал му фрли ракавица во лице со големото проширување на нивниот музеј. Сега клупскиот музеј се простира на 4,2 илјади квадратни метри и на четири ката.

„Тоа е првата станица на рудникот за злато, кој сега го посетуваат од 5 до 6 илјади луѓе дневно. Имајќи предвид дека цените на билетите за музејот и обиколките на стадионот се движат од 29 до 50 евра, Реал ќе заработи околу 170 илјади евра месечно од билетите или околу 20 милиони евра годишно само од билети за музеј“.