Црна Гора денеска го слави Денот на државноста, кој го слави од 2005 година во спомен на 13 јули 1878 година, кога на Берлинскиот конгрес беше призната како независна држава, а дотогаш се славеше затоа што на истиот започна народното востание во 1941 година, против фашизмот.
Берлинскиот конгрес, кој траеше од 13 јуни до 13 јули, беше свикан на иницијатива на Австрија, со согласност на Русија и согласност на Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Турција, со цел да се ревидира Договорот од Сан Стефано.
Иако Санстефанскиот мир, склучен во март истата година, Црна Гора беше третирана како независна држава чија територија требаше да се зголеми значително повеќе од онаа определена со Берлинскиот договор, на Конгресот нејзиниот државен суверенитет беше дефинитивно потврден на меѓународно ниво, благодарение на долга вооружена и политичка борба на народот на Црна Гора за зачувување на независноста и слободата.
Востанието од 13 јули 1941 година, по одлуката на Покраинскиот комитет на КПЈ за Црна Гора за отпор кон окупаторот избувна во Црна Гора како чин на отпор и бунт на црногорскиот народ против фашизмот.
Познатиот француски филозоф Жан Пол Сартр го оцени како величествен настан од европската историја на 20 век и рече дека го насочува човештвото по патот по кој треба да оди.
Според новиот Закон за национални празници, 13 јули во Црна Гора за првпат се прослави како Ден на државноста во 2005 година, за разлика од претходните години кога беше Ден на црногорското народно востание во Втората светска војна.
Централната прослава по повод Денот на државноста ќе се одржи вечерва во 18 часот до споменикот под Требјеша во Никшиќ, а црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ синоќа приреди прием во неговата резиденција во Цетиње, јавува РТЦГ.
Милатовиќ рече дека на 13 јули се споиле борбата и слободата – две нераскинливи одредници кои ја одбележале црногорската историја, почетокот и потеклото на стремежот за градење на државата.
Тој додаде дека антифашизмот претставува една од најважните вертикали на црногорското општество, „кое го живеело долго пред да се најде како поим во историските и социолошките учебници“.
Милатовиќ укажа и на неопходноста од надминување на сите поделби во Црна Гора.
„Денес, кога современиот свет се соочува со бројни предизвици, кога геополитичките потреси често доведуваат до конфликти од големи размери, ние во Црна Гора треба да надминеме се што не разделува и, како мостовите на Ѓурѓевиќа Тара и Мала Риека, да ги поврземе бреговите и каде тоа го прави невозможно на прв поглед“, рече Милатовиќ.