Регионален транспортен авион „Сухој Суперџет 100“ се урна денеска југоисточно од Москва за време на пробен лет без патници, а се верува дека тројца членови на екипажот кои биле во авионот загинале, јавуваат руските агенции.
„Авионот се урнал во шумска област и експлодирал кога ја допрел земјата. Според прелиминарните податоци, екипажот загинал, соопшти службата за итни случаи, пренесува руска новинска агенција.
Авионот што го изврши пробниот лет е во сопственост на гасниот гигант „Гаспром“, јави руска државна новинска агенција, повикувајќи се на спасувачките служби.