Од полноќ поевтин мазутот, бензините со непроменета цена
Од полноќ се намалува малопродажната цена на мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Мазутот се намалува за 1,009 денари за килограм и тој од полноќ ќе се продава по цена од 47,625 ден/кг.
Еуросуперот БС 95 и понатаму ќе се продава по цена од 84 денари за литар, Еуросупер БС – 98 по цена од 86 денари за литар, а дизелот по цена од 77 денари за литар.
Непроменета останува и цената на Екстра лесно масло кое ќе се продава по 75,5 денари за литар.