Доцна синоќа околу 21 часот, 74 годишниот велешанец Ј.Д. со викенд куќа во село Бањица, Општина Чашка, во дворот кај чешмата, бил каснат на ногата од змија – поскок.
Неговото семејство во интерес на времето веднаш со автомобил тргнале кон велешката болница и притоа се јавиле во службата за Итна помош.
Тој на патот кај село Клуковец бил преземен од екипа на Итна медицинска помош и веднаш му бил даден змиски противотров и му била укажана медицинска помош, по што итно бил однесен во Ургентниот центар на велешката Општа болница, информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница.
Тој синоќа по укажаната лекарска помош бил задржан во Одделението за Интерни болести при велешката Општа болница, а изутрината повторно бил прегледан од д-р инфектолог кој констатирал дека пациентот е во добра состојба и го испуштил на понатамошно домашно лекување.
Андова информира дека оваа е трето каснување од змија во велешко за само десетина дена.