Мицкоски од Вашингтон: Американската „Вабтек“ доаѓа во државата 35 милиони евра и нови 100 вработувања

„По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон.

„Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила“, најави тој.