Индискиот премиер Нарендра Моди денеска пристигна во дводневна посета на Русија, прва од почетокот на војната во Украина во 2022 година, што доведе до комплицирање на односите меѓу двајца стари партнери и до зближување на Москва со Кина, главниот геополитички ривал на Индија.
Моди последен пат ја посети Русија во 2019 година, при што се сретна со Путин на форум во далечното источно пристаниште Владивосток. Во септември 2022 година, тие зборуваа во Узбекистан на самитот на блокот на Шангајската организација за соработка, но Моди не присуствуваше на состанокот на групата во Казахстан минатата недела.
Читиџ Баџпи, виш научен соработник за Јужна Азија во британскиот институт Чатам Хаус, рече дека Индија се повеќе се оддалечува од секој форум каде Русија и Кина играат значајна улога.