Сијарто: Политичарите кои се за војна треба да ги врзат појасите

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто најави дека следната недела ќе има нови „мировни состаноци“ со премиерот Виктор Орбан, а на политичарите „кои се за војна“ им порача „да ги врзат појасите“.

„Унгарската влада работи, а политичарите кои се за војна можат да ги врзат појасите“, напиша Сијарто на својот Фејсбук профил.

По повод почетокот на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, тој посочи дека сега е извесно дека следните шест месеци „ќе бидат мисија за постигнување мир, за конечно да постигнеме мир во нашето соседство“.