Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако вечерва во Дизелдорф во четвртфиналето на пенали ја совлада Швајцарија со 1:1 (5:3 по пенали).
Во пенал-рулетот, одбраната на Џордан Пикфорд одлучи по ударот на Мануел Аканџи.
Од друга страна, сите пет англиски претставници беа прецизни (Палмер, Белингем, Сака, Тони, Александар-Арнолд).